ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Новости

Градоначалникот Грозданов упати сочувство до амбасадите на Бугарија и на Полска во Македонија

Градоначалникот Грозданов упати сочувство до амбасадите на Бугарија и на Полска во Македонија

По трагичната сообраќајна несреќа што се случи на автопатот „Тракија“ во југоисточна Бугарија, како и по неодамнешната несреќа во Краков, Полска, градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, упати изрази на најдлабоко сочувство до амбасадорот на Република Бугарија во нашата земја, Желјазко Радуков, и до амбасадорот на Република Полска, Мариуш Бримора.

– Во овие моменти на болка, загуба и неизвесност, најискрено сочувствуваме со семејствата на загинатите, со повредените и со сите граѓани погодени од овие трагични настани.

Знаеме што значи да се изгуби човечки живот, знаеме колку е тешко да се соочиш со ненадоместлива загуба и колку значи подадената рака кога болката е најголема. Таа не е само чин на солидарност, туку пред сѐ израз на сочувство, емпатија, грижа и поддршка, чие значење во најтешките моменти е непроценливо.

Како град, Кочани никогаш нема да ја заборави поддршката и хуманоста што Република Бугарија и Република Полска ги покажаа кон нашите граѓани по трагичниот пожар. Нивната помош, солидарност и човечност оставија длабока трага во нашата заедница и засекогаш ќе останат дел од нашето сеќавање.

Во име на Општина Кочани и во свое лично име, изразувам длабоко сочувство до семејствата на загинатите и надеж за брзо и успешно закрепнување на повредените.

Човечноста не познава граници. Во најтешките моменти, најважно е да знаеме дека не сме сами – истакнува градоначалникот Грозданов.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email