Општина Кочани продолжува со уредување на јавните површини и вложувања во детските паркови, со цел создавање попријатни и поуредени места за игра, одмор и дружење.
Во рамките на овие активности, поставени се нови летниковци во Оризари и кај Колор во Кочани, како и нови канти за отпадоци. Во сите населби се обновуваат клупите – дотраените се заменуваат со нови, а постојните што се во добра состојба се бојадисуваат и заштитуваат за понатамошна употреба.
Со поставувањето нова и одржувањето на постојната урбана опрема се подобруваат условите за секојдневно користење на јавните простори од граѓаните од сите возрасти.
Уредувањето и грижата за детските паркови и просторите за одмор продолжуваат. Апелираме до граѓаните заеднички да ја чуваме поставената опрема и да придонесуваме за чиста и уредена околина.