На 12 ноември 2026 година, (четврток), со почеток во 10 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 21. седница. На предлог-дневниот ред се следниве точки:
- Информација за состојбите и условите во кои се одвиваше работата на ОВР Кочани во 2025 година во делот на малолетничката деликвенција
- Предлог-правилник за изменување и дополнување на Правилникот за доделување стипендии на студенти жители на општина Кочани
- Предлог-програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2027 година
- Предлог-програма за уредување и одржување на градското зеленило на територијата на Општина Кочани во 2027 година
- Предлог-програма за одржување на јавната чистота на територијата на општина Кочани за 2027година
- Предлог-програма за одржување на фонтаната „Зрно“ и фонтаната во Градскиот парк за 2027 година
- Предлог-програма за тековно одржување на јавното осветлување во Општина Кочани за 2027 година
- Предлог-програма за управување со отпадот во општина Кочани во 2027 година
- Предлог-програма за поставување урбана опрема на подрачјето на Општина Кочани во 2027 година
- Предлог-програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на Општина Кочани во 2027 година
- Предлог-програма за изградба на јавно осветлување во Општина Кочани за 2027 година
- Предлог-програма за изградба на Дом за престој на стари лица – Кочани за 2027, 2028 и 2029 година
- Предлог-програма за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2027 година
- Предлог-програма за изградба на фекална и атмосферска канализација на подрачјето на општина Кочани за 2027 година
- Предлог-програма за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на Општина Кочани за 2027 годинa
- Предлог-програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2027 година
- Предлог-програма за субвенционирање на новорегистрирани заедници на сопственици во колективни згради или ангажирање на лиценциран управител на подрачјето на Општина Кочани за 2027 година
- Предлог-план на програми за развој на општина Кочани за период 2027 – 2029
- Предлог-решение за разрешување и именување член на Училишен одбор на СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани од основачот
- Предлог- решение за разрешување и именување член на Училишен одбор на СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани од основачот
- Предлог-решение за разрешување и именување член на Училишен одбор на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ – с. Оризари, Кочани.
Седницата ќе се одржи во салата на катот во Мултикултурниот центар.