Ученици од четврто одделение од ОУ „Св. Кирил и Методиј“, денеска ја посетија Општина Кочани, каде што остварија средба со градоначалникот Владко Грозданов.
Во непосредната средба, градоначалникот ги запозна со начинот на функционирање на Општината, нејзините надлежности и услугите што ги обезбедува за граѓаните. Учениците се интересираа и за начинот на комуникација меѓу локалната самоуправа и граѓаните, како и за можностите преку кои тие можат да ги упатуваат своите прашања и предлози.
Посетата на Општина Кочани е дел од наставната програма за четврто одделение, преку која учениците непосредно се запознаваат со работата на локалната самоуправа и нејзината улога во секојдневниот живот на заедницата.