Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов оствари средба со македонскиот гитарист со светско реноме Влатко Стефановски, кој со Јан Стефановски и со Иван Кукиќ, вечерва ќе одржи хуманитарен концерт во Кочани, во рамките на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.
На средбата, градоначалникот Грозданов му се заблагодари на Стефановски за неговата хуманост, поддршка и подготвеност преку музиката да даде свој придонес за Кочани.
Стефановски, кој својата рок-кариера ја започна на Гитаријадата во Кочани во 1976 година, и кој со своето творештво и со музичкиот израз со децении ја претставува македонската култура ширум светот, вечерва пред кочанската публика ќе настапи со концерт со хуманитарен карактер.
Општина Кочани изразува огромна благодарност што еден од најзначајните македонски музички уметници ја препозна важноста на хуманоста и заедништвото и својот настап го посветува на Кочани.
На средбата со Влатко Стефановски присуствуваа и гостите од Јесенице, Република Словенија, официјална делегација на 35. манифестација „Денови на кочанскиот ориз“