ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Соопштенија

Во рамките на 35. манифестација „Денови на кочанскиот ориз“, се одржа научна трибина на тема „Јаглеродното земјоделство – стратешка можност за одржливо производство и климатски отпорни агроекосистеми“

Во рамките на 35. манифестација „Денови на кочанскиот ориз“, се одржа научна трибина на тема „Јаглеродното земјоделство – стратешка можност за одржливо производство и климатски отпорни агроекосистеми“

Во рамките на 35. манифестација „Денови на кочанскиот ориз“, се одржа научна трибина на тема „Јаглеродното земјоделство – стратешка можност за одржливо производство и климатски отпорни агроекосистеми“. На темата којашто е дел од проектот „Карбоника“, говореа проф. д-р Верица Илиева, проф. Билјана Балабанова и проф. Саша Митрев од УГД – Штип и лабораторијата „Унилаб“.
– Ова е тема што го определува правецот на современото земјоделско производство, земјоделски концепт приспособен и за оризопроизводството, којшто ја наметнува потребата заеднички да ги препознаеме можностите за неговото воведување кај нас – истакна д-р Илиева.
Трибината отвори дискусија меѓу стручната јавноста за јаглеродното земјоделство како систем кој преку зачувување на јаглеродот во почвата, рационално користење на ресурсите и поттикнување на биoлошката продуктивност ги интегрира мерките за ублажување и адаптација на земјоделското производство на климатските промени
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email