ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Соопштенија

Градскиот парк во Кочани се исполни со публика која уживаше во настапите на Влатко Стефановски Трио и Антониа Гиговска, во рамките на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

Концертот на Влатко Стефановски започна со едноминутно молчење во чест на младите животи трагично загубени во пожарот, а светски познатиот македонски гитарист својот настап го посвети на хуманитарни цели.
Со препознатливиот звук, виртуозната гитара, неправилните ритми и безвременските инструментали и песни, Стефановски ја освои публиката, која во текот на целиот концерт пееше и уживаше во неговата музика. Во неговата интерпретација, македонската музичка традиција и современиот звук повторно се сретнаа, низ мотиви од „Македонско девојче“, „Јовано, Јованке“…
Влатко Стефановски со своето творештво со децении ја пренесува македонската музичка традиција на светските сцени, останувајќи еден од нејзините најпрепознатливи чувари и промотори на македонскиот културен идентитет.
Во доцните вечерни часови публиката уживаше во настапот на Антониа Гиговска – млад, препознатлив и моќен вокал, познат по својата емотивна интерпретација и впечатлива сценска енергија
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email