ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Соопштенија

Месната заедница Горни Подлог и Црковниот одбор при манастирот „Свети Јован Опсечен“, во соработка со сите домаќинства од селото, годинава приредија закуска за сите посетители на 35. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“

Месната заедница Горни Подлог и Црковниот одбор при манастирот „Свети Јован Опсечен“, во соработка со сите домаќинства од селото, годинава приредија закуска за сите посетители на 35. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.
Во прекрасниот манастирски амбиент беше поставена богата трпеза со традиционални јадења од ориз, зелници, пити и чорби.
Организаторите од Горни Подлог истакнуваат дека настанот го обедини селото и дека ниту едно домаќинство не изостана со подготовка на храна за манифестацијата.
Во знак на благодарност за соработката со манифестацијата, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, на Црковниот одбор му додели ваучер од 60 илјади денари, средства што не се доделија поради отсуство на пријави по годинашниов конкурс за најуспешен земјоделец
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email