ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Соопштенија

Учесниците и гостите на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ со дефиле низ Горни Подлог стигнаа до оризовата нива каде што се изведе обичајот зажнејување.

Учесниците и гостите на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ со дефиле низ Горни Подлог стигнаа до оризовата нива каде што се изведе обичајот зажнејување.

Учесниците и гостите на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ со дефиле низ Горни Подлог стигнаа до оризовата нива каде што се изведе обичајот зажнејување. Посебно внимание привлекуваа домашните и гостинските фолклорни состави кои беа срдечно поздравувани од жителите на селото.
Во официјалните гости на манифестацијата, покрај министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски, дипломатски претставници во државата, беше и директорот на Водостопанство на Македонија Филип Филиповски, кој од претседателот на МЗ Горни Подлог доби благодарница за извонредните напори селото Подлог да биде заштитено од поплави.
Во културно-забавната програма на сцената во Горни Подлог беше промовиран новиот вокално-инструментален состав „Музи-КО“ од Кочани, октет од академски музичари кои се претставија со народна и со авторска музика.
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email