На 28 мај 2026 година, (четврток), со почеток во 10 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 14. седница. На предлог-дневниот ред се следниве точки:
- Јавен повик за пројавување интерес за пријавување кандидати за избор на членови на Надзорен одбор на КЈП „Водовод“ – Кочани
- Предлог-одлука за формирање Општински совет за превенција на детско престапништво на Општина Кочани
- Предлог-одлука за изменување на Одлуката за основање општински совет за социјална заштита
- Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за основање јавно претпријатие за стопанисување, поставување и одржување на јавно осветлување
- Општински енергетски план за 2027 година
- Предлог-одлука за еднострано раскинување на Договорот за воспоставување јавно приватно партнерство за проектирање, финансирање, изградба, стопанисување и пренос на СПА-центар и стопанисување со спортски и други комерцијални објекти
- Давање согласност на Договорот за донација од ЕВН Македонија АД Скопје
- Давање согласност за примање донација од Друштво за приредување игри на среќа ДЕЛТА БЕТ ДОО – Скопје
- Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за уредување на линискиот превоз на патници на подрачјето на општина Кочани
- Предлог-одлука за изменување на Одлуката за утврдување на максимални единечни цени за општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Кочани
- Предлог-одлука за изменување на Одлуката за организирање општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Кочани со учество на Општината во цената на билетот по патник на распределената линија
- Предлог-одлука за определување на висината на износот за превоз на ученици од основното образование кои имаат право на бесплатен превоз согласно Законот за основно образование, на релациите (линиите) на кои Општина Кочани нема обезбедено линиски превоз
- Предлог-одлука за давање на времено користење дел од недвижна ствар без надоместок на Министерство за дигитална трансформација
- Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кочани за I квартал од 2026 година
- Годишен извештај за работењето на Центарот за развој на Источниот Плански Регион за 2025 година
- Годишен извештај за спроведувањето на Програмата за развој на Источниот Плански Регион за 2025 година
- Проекција за користење на водата за пиење во сезоната пролет-лето 2026 година, од системот за водоснабдување
- Информација за состојбата со дивите депонии во градот и населените места со предлог-мерки за нивно разрешување
- Информација за заштита на шумите од пожари и бесправна сеча на подрачјето на општина Кочани
- Иницијатива за активирање и привремено користење на Етнокуќата во Кочани како отворен културен, архивски и креативен простор
- Предлог-одлука за вршење техничка исправка на урбанистички план на нумерички податоци за ГП Б87.17 за КП 11551 КО Кочани од Измена и дополнување на ДУП на град Кочани (донесен со одлука бр. 07-138 од 16.07.1998 г.)
- Разгледување на Записник од извршен инспекциски надзор од Државен инспекторат за животна средина на 19.03.2019 година.
Седницата ќе се одржи во салата на катот во Мултикултурниот центар.























