Ученици и граѓани од Кочани, со велосипеди ја поминаа патеката на оризот, симболично одбележувајќи го Денот без автомобили.
Во организација на Општина Кочани, а во соработка со МВР ОВР ПС Кочани, ОСБСП Кочани, велосипедистите појдоа од Градскиот плоштад и возеа преку селата Грдовци, Мојанци и Подлог. Учесниците во велосипедската тура на стартот ги поздрави градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов кој ги повика на почесто користење на велосипедите заради поголема физичка активност и подобро здравје. Со велосипедистите возеше и Јоже Јованов, поранешен десеткратен државен првак во велосипедизам.
Настанот се реализира под мотото на Европската недела на мобилност „Ајде заедно да го трансформираме секое патување и да обезбедиме мобилност за сите!“, согласно Програма за сообраќај на Општина Кочани.
Со овој настан Општина Кочани по дванаесетти пат се вклучи во одбележувањето на Европската недела на мобилност, како водечка кампања на Европската комисија за подигање на свеста за одржлива урбана мобилност