ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Соопштенија

Кочани доби ново спортско катче за младите – мини-пич фудбалски терен, донација од општествено одговорната компанија „Mozzart“, реализиран во рамките на иницијативата „Фудбалот е повеќе од игра“.

Свеченото отворање беше означено со првиот шут на топката од Методи Максимов, фудбалер кој потекнува од Кочани.
Новиот терен, сместен во рамките на Градскиот стадион „Никола Мантов“, ќе биде простор за спорт, дружење и развој на младите фудбалски таленти од Кочани.
Посебноста на кочанскиот терен е што тој ќе го носи името на Андреј Лазаров, младиот и талентиран фудбалер кој трагично го загуби животот во пожарот во Кочани на 16 март 2025 година. Неговото име ќе остане поврзано со фудбалот и со новите генерации кои на овој терен ќе ги прават своите први спортски чекори.
Општина Кочани упатува благодарност на донаторот за оваа значајна донација и за поддршката на спортот и младите во Кочани
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email