Издавање на решение за данок на наследство и подарок
Издавање на решение за данок на наследство и подарок
ВИД НА УСЛУГАТА | Издавање на решение за данок на наследство и подарок |
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УСЛУГАТА | 1. Барање до општина Кочани, одделение ( готов образац во едношалтерска канцеларија – кој граѓанинот/клиентот го пополнува) во зависност од видот на документот бараната услуга 2. Во зависност од видот на барањето се доставуваат потребните документи: – Даночна пријава – Договор за Дар, Договор за отстапување на имот за време на живот, Наследно Решение – Имотни листови – Извот на родените, Извод на венчаните 3. Уплатница за данок на наследство и подарок Износ:Зависи од видот на документот Сметка: 100000000063095 Уплатна сметка: 840 136 02533 Приходна шифра: 713211 Примач:трезорска сметка, Буџет на Општина Кочани, Банка на примач НБРМ Цел: Данок на наследство и подарок |
АДМИНИСТРАТИВНА ТАКСА | Административна такса Износ:Зависи од видот на документот Сметка: 100000000063095 Уплатна сметка: 840 136 03182 Приходна шифра: 722315 Примач:трезорска сметка, Буџет на Општина Кочани, Банка на примач НБРМ Цел: Административна такса |
ПРИЕМ НА БАРАЊЕТО | Едношалтерска канцеларија во Опшина Кочани |
МЕСТО НА РЕАЛИЗАЦИЈА | Одделение за даноци, такси и надоместоци од 7.30 до 15.30 часот |
РОК НА РЕАЛИЗАЦИЈА | Во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето |
НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТОТ/ УСЛУГАТА ДО БАРАТЕЛОТ | Лично подигање од едношалтерска канцеларија од страна на подносителот/барателот на услугата |
РОК НА ПРАВНА ПОУКА | Во рок од 30 дена од денот на добивањето на документот/услугата |
ЗАКОНСКИ ОСНОВ | Закон за Даноците на имот, Закон за наследувањето, Закон за општа управна постапка |
ЗАБЕЛЕШКА | Образецот/барањето може да се симне и од web страната на Општина Кочани |
ДОПОЛНУВАЊЕ НА УСЛУГАТА |
|