ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Доделување на стипендија на спортист – спортска надеж на општина Кочани

Доделување на стипендија на спортист – спортска надеж на општина Кочани

ВИД  НА УСЛУГАТАДоделување на стипендија на спортист – спортска надеж на општина Кочани
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УСЛУГАТА

Согласно објавениот конкурс кандидатот поднесува:

–       Пријава,

–       Кратка биографија на кандидатот,

–       Фотокопија од Решение за упис во регистерот на Агенцијата за млади и спорт на спортско друштво, клубот или асоцијацијата каде членува кандидатот,

–       Фотокопија од лична карта на кандидатот,

–       Изјава за давање на согласност за користење на лични податоци,

–       Уверение од национална спортска федерација (НСФ) за постигнати резултати на кандидатот во спортски натпревари од републички или меѓународен карактер (доколку постигнал резултати),

–       Календар од национална спортска федерација (НСФ) за планирани идни учества на кандидатот на спортски натпревари од национален или меѓународен карактер (доколку има),

–       Доказ (сертификати/дипломи) за учество на национални и/или меѓународни натпревари,

–       Доказ (сертификати/дипломи) за постигнати резултати и усвоено 1-во, 2-ро или 3-то место на национални и/или меѓународни натпревари.

АДМИНИСТРАТИВНА ТАКСАСогласно чл.18 ст.1 т.34 од Законот за административните такси не се плаќа такса за списи и дејства со кои се регулира односот меѓу примателот и давателот на стипендија, односно кредит за школување, од денот кога односното лице се здобило со својство на стипендист, односно од денот кога му е одобрен кредит.
ПРИЕМ НА БАРАЊЕТОЕдношалтерска канцеларија во Опшина Кочани
МЕСТО НА РЕАЛИЗАЦИЈАОдделение за јавни дејности од 7.30 до 15.30 часот
РОК НА РЕАЛИЗАЦИЈА

Конкурсот трае минимум 8 дена.

Градоначалникот донесува одлука за доделување на стипендија или за поништување на постапката во рок кој не е подолг од рокот за поднесување на пријавите, сметајќи од денот определен како краен рок за поднесување на пријавите.

ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И ДОСТАВУВАЊЕ ДО КАНДИДАТОТЗа Одлуката за доделување на стипендија или за поништување на постапката писмено се известуваат кандидатите, во рок од три дена од денот на донесување на одлуката на Градоначалникот.
 РОК НА ПРИГОВОР

Против Одлуката на Градоначалникот може да се поднесе Приговор во рок од 3 (три) дена од денот на приемот на Одлуката.

Приговорот се поднесува до Градоначалникот на Општина Кочани.

 ЗАКОНСКИ ОСНОВ

Закон за локалната самоуправа.

Закон за спортот.

Правилник за доделување на стипендија на спортист – спортска надеж  на општина  Кочани бр.09-2250/1 од 15.12.2017 година (Службен гласник на Општина Кочани бр.13/2017).

ЗАБЕЛЕШКА

Општина Кочани доделува 1 (една) стипендија на спортист -спортска надеж на општина  Кочани.Стипендијата се доделува за време од 6 (шест) месеци во текот на годината. Износот на стипендијата не може да биде понизок од 2.500 денари месечно, а  за секоја  година  висината се утврдува со Буџетот на Општина  Кочани.

Стипендијата се доделува врз основа на распишан Конкурс кој го распишува Градоначалникот на Општина Кочани. Конкурсот се објавува на веб страната на Општина Кочани, на огласна табла на Општина Кочани и во локалните ТВ и електронски медиуми и портали. Конкурсот се распишува најдоцна до месец март.

Условите за доделување на стипендија на спортист – спортска надеж на општина Кочани кои треба да ги исполнува кандидатот се утврдени во Правилникот за доделување на стипендија на спортист – спортска надеж  на општина  Кочани бр.09-2250/1 од 15.12.2017 година (Службен гласник на Општина Кочани бр.13/2017) кој е објавен на веб страната на Општина Кочани:  www.kocani.gov.mk .