ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Издавање на Извод од лиценца за вршење на општински превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај

Издавање на Извод од лиценца за вршење на општински превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај

ВИД  НА УСЛУГАТАИздавање на Извод од лиценца за вршење на општински превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УСЛУГАТА

–        Барање,

–        фотокопија од сообраќајната дозвола на возилото регистрирано на име на фирмата заверена на нотар или копија од договорот за лизинг склучен со овластен дистрибутер заверен на нотар),

–        Копија од потврдата за исполнетост на посебните техничко-експлоатациони услови за моторните возила наменети за вршење на одделни видови на превоз во патниот сообраќај издадена од станиците за технички преглед на моторните возила со точно утврдена класа на возилото или сертификат за исполнување на критериумите за безбедност на возилата (­за секое возило посебно),

–        Копии од М1/М2 образецот за возачот и список на вработени по обврзник од ФПИО непостар од 60 дена (минимум еден возач по возило),

–        Уплатница за платена-  административна такса- 50 денари за барање,

–        Уплатница за платена-  административна такса за издавање на Лиценца за вршење на општински превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај -6000 денари.

АДМИНИСТРАТИВНА ТАКСА

Админитративна такса за поднесување на барањето

Износ: 50 денари

Сметка:100-0000000630-95

Уплатна сметка:840 136 03 182

Приходна шифра:722315

Примач: трезорска сметка, Буџет на Општина Кочани

Банка на примач: НБРМ

Цел на дознака: издавање на лиценца за вршење на општински превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај

ПРИЕМ НА БАРАЊЕТОЕдношалтерска канцеларија во Опшина Кочани
МЕСТО НА РЕАЛИЗАЦИЈАСектор за правни, јавни дејности и општи работи/ Одделение за правни и општи работи од 7.30 до 15.30 часот
РОК НА РЕАЛИЗАЦИЈА30 дена од приемот на барањето
НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ ДО СТРАНКАТА

–      Со лично подигање на документот од седиштето на Општина Кочани,

–      По пошта,

–      Доставување во седиштето/адресата на барателот

 РОК НА ЖАЛБА8 дена од приемот на документот
ЗАКОНСКИ ОСНОВЗакон за превоз во патниот сообраќај
ЗАБЕЛЕШКАБарањето може да се подигне од Едношалтерска канцеларија на Општина Кочани