Целта на активноста беше да се избегне одењето по шалтери и канцеларии за да се добијат основни податоци за работниот стаж. На пунктот во Градскиот парк вработени во Фондот одговараа на непосредни прашања од заинтересираните граѓани во врска со пензиското и инвалидското осигурување.
Милена Арсова, ракодовителка на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Кочани нагласи дека ова е можност граѓаните да се информираат за докуп на стаж, изготвување на листа за проверка на валидни и невалидни пријави, што е основен услов за одење во пензија. Со помош на службениците, сите нерасчистени дилеми околу валидирање на пријавите и остварен законски стаж им беа на увид на граѓаните на Кочани.
Во текот на трите часа колку што беше отворен пунктот на Фондот за ПИОМ во Градскиот парк во Кочани, стотина граѓани добија одговори и информации на прашањата за својот работен стаж.