Општина Кочани ги известува граѓаните дека поради технички проблеми со машината за прскање, најавеното третирање на комарци помеѓу 31 мај и 1 јуни не се спроведе.

Првата фаза од дезинсекцијата против комарци на подрачјето на Општина Кочани Центарот за јавно здравје – Скопје, ќе ја реализира вечерва, 1 јуни, по 23 ч.

Со прскањето од земја ќе бидат опфатени околу 300 хектари на територијата на Кочани и на селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.

Се апелира до граѓаните, пчеларите и институциите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита.

Во случај на неповолни временски услови (ветер, дожд), третирањето ќе биде одложено за следниот поволен термин.