На 13 март 2026 година, (петок), во 14 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 11. седница со следниот предлог-дневен ред:

  1. Разгледување на завршните сметки на општинските основни и средни училишта за 2025 година, ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани и ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани, за 2025 година
  2. Годишна информација за состојби и услови во кои се одвиваше работата на ОВР Кочани во 2025 година
  3. Информација во врска со Градскиот базен во Кочани
  4. Предлог-одлука за доделување финансиски средства на Доброволната планинска спасителска служба „Осогово“ – Кочани
  5. Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште на општина Кочани за 2025 година
  6. Извештај за реализација на Програмата за одржување на локални патишта и улици на подрачјето на Општина Кочани во зимски услови за 2024/2025 година
  7. Извештај за реализација на Програмата за изградба на системи за водоснабдување за 2025 година, изградена водоводна мрежа по улици за период 2025 година
  8. Извештај за реализација на Програмата изградба за фекална и атмосферска канализација за 2025 година
  9. Извештај за реализација на Програмата за одржување на сливни решетки од композитен материјал за атмосферска канализација во Општина Кочани за 2025 година
  10. Предлог-одлука за давање на трајно управување и користење, без надомест, на изградена водоводна, фекална и атмосферска канализациска мрежа во 2025 година на КЈП „Водовод“ – Кочани
  11. Предлог-одлука за давање на трајно управување и користење, без надомест, на изградена водоводна, фекална и атмосферска канализациска мрежа во 2024 година на КЈП „Водовод“ – Кочани
  12. Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2026 година
  13. Предлог-програма за изменување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2026 година
  14. Предлог-план за измена за Планот на програми за развој 2026 – 2028
  15. Предлог-одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Реконструкција на дел од улица – крак „Генерал Апостолски“, с. Оризари –Општина Кочани“
  16. Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Кочани за 2026 година
  17. Буџетски календар на Општина Кочани за 2027 година
  18. Годишна (завршна) сметка на Општина Кочани за 2025 година
  19. Годишен извештај на Општина Кочани за 2025 година
  20. Предлог-одлука за изменување на Одлуката за извршување на Буџетот на        Општина Кочани за 2026 година
  21. Разгледување на завршните сметки за 2025 година на општинските основни и средни училишта за 2025 година, ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани и ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани
  22. Предлог-одлука за давање согласност на договор за донација – специјално возило – цистерна од Република Чешка
  23. Предлог-одлука за давање согласност за примање донација за поставување две спомен бисти на Градскиот стадион „Никола Мантов“
  24. Предлог-одлука за давање согласност на договор за донација од Евангелска црква
  25. Предлог-програма за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја за периодот 2026 – 2031 година
  26. Предлог-решение за разрешување и именување член на Училишен одбор на ООУ „Малина Попиванова“ – Кочани.

Седницата ќе се одржи во салата на катот во Мултикултурниот центар.