ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

МАНУЕЛА САИДОВА

Политичка партија: Независен советник

Е-маил: manuela.saidova@yahoo.com

Телефон: 00389 71 348 913

Родена во Велес 1980 година, омажена во Кочани, мајка на три ќерки.

Активист-ка во ромската заедница од 2004 година со активно вклучување и искуство во НВО секторот во Р.Македонија. Во НВО „Светла иднина“ Кочани започнувам со работа од 2005 година, при што сум носител на значајни проекти, посебно во областа на образованието и застапувањето на Ромската заедница, а во последно време и носител на проекти преку кои се застапуваат младите во регионот на источна Македонија и Општина Кочани.

Првото искуство го стекнувам во Велес / Македонија со членство во неколку граѓански организации, а понатаму како активен член во граѓанскиот сектор продолжувам во Кочани како член на НВО „Светла иднина“ Кочани (2005-и денес).