ГОЦЕ ДИМИТРОВ
Политичка партија: ВМРО-ДПМНЕ
Е-пошта: dimitrovgoce@yahoo.com
Телефон: 078 216 636
Живее во Кочани. Роден е на 30.08.1975 година во Кочани. Дипломирал на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Институт за одбранбени науки, со стекната титула Дипломиран одбранбен аналитичар. Работи во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во Секторот за шумска полиција – Подрачна единица Кочани, на работно место шумски полицаец . Во моментот е времено задолжен – Командир на Подрачната единица на шумска полиција Кочани. Во своето работење е одговорен за организација и координација на активностите во единицата, надзор и контрола на шумски подрачја, спроведување на законски мерки и постапки за заштита на шумите, изготвување службени извештаи и записници, како и за соработка со државни и локални институции.