Делницата од крстосницата кон Подлог до објектот на „Македонијапат“ во должина од околу 1.100 метри добива нов асфалтен слој, а се поправа и третата лента од правец на Кочани кон Штип со приклучокот кон надвозникот од магистралниот пат А3. Едновремено се работи и на проширување за автобуска постојка во близина на влезот конфекцијата „Делта холдинг“.
Станува збор за проект на Јавното претпријатие за државни патишта за што ќе бидат наменети 8 милиони денари. Градежните работи ги изведува ЈП „Македонија пат“.
– На наше барање заеднички го реконструираме влезот во Кочани од Подлошки пат, па до хотелот „Национал“. Работите се во поинтензивна фаза. Ако послужи времето, очекуваме целокупната работа наскоро да биде завршена, рече Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.
Според Димитровски во план е распишување на тендерска постапка за избор на изведувач за поставување канделабри за осветлување на делницата на влезот во Кочани