ПЕТАР МЕДАРСКИ
Политичка партија: ВМРО – ДПМНЕ
Петар Медарски роден 04.02.1958 година во Кочани. Основно училиште завршил во ОУ „Раде Кратовче“ во Кочани, средно училиште завршил во СОУ „Љупчо Сантов“ во Кочани и дипломирал на Економски факултет при Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ Скопје и се стекнува со звање дипломиран економист.
По дипломирањето се вработува во ТП Нова Трговија – Кочани како комерцијалист. Од почетокот на деведесеттите години својот работен ангажман го продолжува во приватниот сектор во сопствена приватна фирма „Медитекс“. Во 1999 година продолжува во Министерство за одбрана – подрачна единица Кочани како раководител. Од 2007 се до своето пензионирање во 2022 година работи во Центар за управување со кризи.
Од 2025 година е член на Совет на Општина Кочани.