Навивачите ги споделија своите впечатоци од патувањето, атмосферата на натпреварите и дружењето со навивачи од други земји, а особено ги истакнаа топлиот прием и гостопримството од страна на домаќините. Тие нагласија дека спортот уште еднаш ја потврдил својата моќ да ги поврзува луѓето без разлика на националноста и растојанијата.
Под мотото „Растојанието исчезнува кога срцата стојат заедно“, отпечатено на маичките на навивачите, тие ја однесоа пораката за заедништво, лојалност и безрезервна поддршка за Македонската репрезентација, а назад ја донесоа поддршката од Данците за побрзо закрепнување на Кочани по несреќата на 16 март 2025.
Градоначалникот Грозданов им се заблагодари за достоинственото претставување на Кочани и на Македонија во странство, истакнувајќи дека ваквите примери на спортска култура и навивање се вистинска гордост за локалната заедница.























