ЈАВЕН ПОВИК

за пријавување на поединци и здруженија кои работат во сферата на културата и уметноста за цртање на мурали и графити на јавен простор на подрачјето на Општина Кочани

 

  1. Предмет на јавниот повик:

Овој повик е за пријавување на поединци и здруженија кои работат во сферата на културата и уметноста и цртат мурали и графити на јавен простор, ликовни уметници, средношколци, студенти, професионални сликари и други за цртање на мурали и графити на јавен простор на подрачјето на Општина Кочани.

Овој јавен повик се објавува на огласна табла на Општина Кочани и на веб страната на Општина Кочани www://kocani.gov.mk/.

 

  1. Услови за пријавување:

 

2.1. Право на учество: На овој повик можат да се пријават поединци и здруженија кои работат во сферата на културата и уметноста и цртат мурали и графити на јавен простор, ликовни уметници, средношколци, студенти, професионални сликари и други кои цртаат мурали и графити на јавен простор.

 

2.2 Место/локација каде ќе се цртат графитите/муралите: Потпорниот ѕид кај „Атомските згради“

 

2.3 Тема на цртање: Слободна по идеја и избор на подносителот на пријавата, со тоа што истата не треба да биде извор на поттикнување расна, национална, политичка и верска или друга нерамноправност или омраза.

Напомена: Идејните решенија со кои се поттикнува расна, национална, политичка и верска или друга нерамноправност или омраза, нема да се разгледуваат.

 

2.4. Ресурси/потребен материјал за цртање: Авторите кои ќе бидат изберени на јавниот повик, треба сами да си го обезбедат комплетниот потребен материјал и потребните ресурси за реализација на муралот или графитот.

 

  1. Начин, рок и место на поднесување на пријавата:

3.1. Начин и место на поднесување: Пријавата може да се поднесе преку електронска пошта на следниот мејл:  kultura@kocani.gov.mk  или со поднесување  во едношалтерската канцеларија на Општина Кочани, до Одделението за јавни дејности.

Потребни документи кон Пријавата: Кон Пријавата поднесителот доставува:

  • кратка биографија
  • цртеж, скица за предлог муралот/графитот
  • опис и приближна големина на муралот/графитот кој се предлага за реализација
  • неколку претходно изработени дела (минимум едно дело)
  • фотографии од претходно цртани мурали/графити (доколку има)
  • предлог буџет/ понуда за средствата потребни за реализација/ цртање на предлог муралот/графит
  • изјава за лични податоци
  • изјава за прифаќање на условите од јавниот повик.

 

3.2. Рок на поднесување на пријава:

Пријавата се поднесува на начин опишан во точка 3.1. од овој повик во периодот на траење на овој повик заклучно до 25.09.2020 година до 15:30 часот.

Краен рок за поденсување на пријави е 25.09.2020 година до 15:30 часот.

Пријавите поднесени после крајниот рок нема ќе бидат отфрлени како задоцнети

  1. Поднесените пријави по објавениот повик ќе ги разгледува комисија формирана од Градоначалникот од редот на администрацијата.
  2. Критериуми за избор на пријавени кандидати при доделување на средства од Буџетот на Општина Кочани се оригиналност на идејата, големината на муралот, референците на авторот од претходно изработени дела, прифатливост на цената за изработка на муралот / графитот, како и времетраењето за изработка на делото.
  3. Вкупните средства кои ќе се обезбедат од Буџетот на Општина Кочани за 2020 година за поддршка на поединци и здруженија кои работат во сферата на културата и уметноста и цртат мурали и графити на јавен простор,
  4. ликовни уметници, средношколци, студенти, професионални сликари и други кои цртаат мурали и графити на јавен простор, изнесуваат 200.000,00 денари.

 

Местата планирани за цртање на делата, се маркирани на фотографиите.

Повеќе детали и образците за пријава, на линкот подолу: