Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Вести
Продолжува пријателската соработка меѓу Кочани и Крижевци
Осуммина ученици од Основното училиште „Владимир Назор“ од Крижевци, Република Хрватска, со наставничката по физичка и здравствена култура, Ксенија Крањчец Шамец од 11 до 18 јануари ќе престојуваат на Пониква, Осоговски Планини.

Зимувањето коешто го обезбедува Општина Кочани е во рамките на соработката со пријателскиот Град Крижевци, кој пак им овозможува летување на островот Паг на учениците на генерацијата од средните и од основните училишта од Кочани.

Гостите од Крижевци се сместени во Детското одморалиште на МВР каде што во моментот зимуваат и други ученици и веќе уживаат во снежните убавини на Пониква.
Untitled Document
Локалитети