Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Вести
Поддршка од градоначалникот Илијев за средување на состојбите во ГФК „Осогово“
По сознанијата за непријатните состојби во ГФК „Осогово“ и настаните на стадионот, а за смирување на страстите и изнаоѓање решение, градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев со тим од Општината и Советот на Општината побара средба на која беа отворени сите прашања поврзани со актуелните состојби и работата на Клубот.

Едно од главните беше финансиското прашање, при што се разгледуваа ингеренциите што ги има Општината во финансирањето на спортот.

По разговорот со раководството, а со цел да ја слушне и другата страна, Илијев побара средба и со претставници на Ад хок телото.

Впечетокот е дека станува збор за две различни, крајно спротивставени гледања на работењето на Клубот, и на инсистирање на градоначалникот Илијев се побара компромисно решение за да може Клубот да продолжи да функционира.

Состанокот заврши со предлог Ад хок телото да делегира еден член во Управата, со цел да се овозможи функционирање на „Осогово“ до крајно решение.

Се очекува оваа иницијатива да биде разгледана и предлогот да биде прифатен.
Untitled Document
Локалитети