Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Вести
Мозаик во Трговскиот центар – со проект на „Нов културен бран“
Дипломираните мозаичарки Блашка и Санда Миеви од Скопје во соработка со талентираните младинци од Центарот за култура „Бели мугри“ – Кочани изработија мозаик во Трговскиот центар во Кочани, на парапетниот ѕид меѓу двата блока згради.

Со лично вклучување и поставување на парче мозаик во изработката на овој уметнички сегмент во центарот на градот можеше да се вклучи секој граѓанин.

Овој настан се реализираше како дел од проектот „Мозаик – соработка во традиција и современо живеење“ на Здружението на граѓани „Добредојде Маседониа Велкам Центар“, а во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“, во соработка со Министерството за култура и Центарот за култура „Бели мугри“ од Кочани.
Untitled Document
Локалитети