Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Вести
Завршува асфалтирањето на кејската улица „Гоце Делчев“ во Оризари
Завршува асфалтирањето на кејската улица „Гоце Делчев“ во Оризари, активност од договорот на Општина Кочани со Министерството за финансии за ИПА-грант во висина од 16 милиони денари, за компонентата „ИПА инвестициски грантови“, финансирана од Европската Унија во рамките на Проектот за подобрување на општинските услуги.

- Доизградбата на кејската улица во Оризари е во должина од 742 м и ширина на коловозот од 7 м и тротоари од двете страни на коловозот со ширина од 1,5 до 2 м. Паралелно со ова, извршено е санирање на мостот на влезот во Оризари и поправка на оштетувањата со проширување на регионалниот пат М 5. На кејската улица е поставено осветлување со 24 канделабри, а наскоро улицата ќе ја добие и својата хоризонтална и вертикална сигнализација – соопшти помошник-раководителот на Секторот за уредување на градежно земјиште во Општина Кочани, Влатко Димитров.

Со завршувањето на овој дел улицата се приклучува со асфалт со патот М5 според сообраќајно решение од надлежните институции.

Грантот на ЕУ ИПА инвестицискиот фонд во износ од 260 000 евра ќе придонесе за подобрување на квалитетот на живот и работните услови во Оризари, како и за поквалитетен и побезбеден проток на возила и за подобрување на пристапот до регионалниот пат и поврзување со градот Кочани.

Вкупниот износ на проектот e 315 607 евра, кофинансирањето од националниот буџет е во износ од 65 000 евра, и од Буџетот на Општина Кочани – 55 607 евра. Реализацијата на првиот дел од проектот „Изградба на локален пат - улица ‘Гоце Делчев‘ за поврзување на с. Оризари со регионален пат и со градот Кочани“ е со грантот од Европската Унија во износ од 195 000 евра.

Со овој проект и продолжувањето на изградбата на претходните 970 метри асфалт е комплетиран целиот локален пат – улицата „Гоце Делчев“, со што населбата Оризари доби модерен приод.
Untitled Document
Локалитети