Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Вести
Дводневна обука за климатски промени од проектот „Грин“
На 6 и на 7 јули во Кочани се одржува дводневна обука на тема климатски промени, како дел од проектот Зелени згради за заедничка зелена иднина – Грин, проект на Центарот за развој на Источниот плански регион, финансиран од Европската Унија преку Програмата за прекугранична соработка.

- Станува збор за активност од Програмата за јакнење на капацитетите за климатски промени, а целта на обуката е да им овозможи на учесниците основни познавања за климатските промени и нивните ефекти на глобално и на локално ниво, да се приближи поврзаноста на климатските промени и природните катастрофи и учесниците да се запознаат со алатки кои може да им користат во стратешкото планирање на активностите за справување со климатските промени – соопшти Драгица Здравева, раководителка на Центарот за развој на ИПР.

Главниот дел од проектот се однесува на реконструкција и адаптација на општинската зграда во Кочани и на обласната зграда во Благоевград. Вредноста на проектот е 398 илјади евра, а периодот на реализација е до октомври 2018 година.

Работилница за изработка на стратегија за енергетска ефикасност ќе се одржи и во Република Бугарија.
Untitled Document
Локалитети