Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Вести
Велигденска честитка од градоначалникот на Општина Кочани
Почитувани,

Во пресрет на најголемиот христијански празник - Христовото воскресение, кој повеќе од две илјади години е темел на христијанството во светот, дозволете ми да Ви го честитам Велигден и да Ви посакам здравје, благодат, Христова љубов, мир и спокој во секој дом.

Овој празник над празниците нека биде поттик да се утврдуваме во вистината и правдата, во трпението и милосрдието - да живееме во верата со добри дела.

Длабоко сум уверен дека токму ваквите големи празници помагаат во јакнењето на националната, меѓунационалната и мултиконфесионалната толеранција, како и во зачувувањето и развивањето на нашиот културен и национален идентитет. Само така можеме нашата татковина да ја направиме поубава за сегашните и идните генерации.

Нека ни е честит Великиот ден – Воскресение Христово!



Градоначалник на Општина Кочани

Ратко Димитровски

Untitled Document
Локалитети