Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Вести
Општина Кочани и „Жикол“ потпишаа договор за изградба на кејската улица „Гоце Делчев“ во Оризари
Градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски го потпиша договорот со струмичката градежна фирма „Жикол“ којашто ќе биде изведувач на работите од проектот за изградба на кејската улица „Гоце Делчев“ во Оризари.

- Општината планира да изврши доизградба на улицата Гоце Делчев во селото Оризари во должина од 743 м, со ширина на коловозот од 7 м и тротоари од двете страни на коловозот со ширина од 1,5 м. Заради теренските услови ќе се градат потпорни ѕидови, ќе се врши пробивање на дел од улицата, подобрување на тлото на новопробиениот дел, тампонирање, поставување на рабници, изградба на елементи за одвод на атмосферска вода, асфалтирање и изградба на тротоари. Со изведбата на сообраќајницата ќе се добие една целина со што ќе се овозможи подобра сообраќајна врска и подобар пристап за влез во Оризари и поголема безбедност на сообраќајот – соопшти градоначалникот Димитровски.

Грантот што го доби Општина Кочани со помош на ЕУ ИПА инвестицискиот фонд во износ од 260 илјади евра ќе придонесе за подобрување на квалитетот на живот и работните услови во селото Оризари, како и за поквалитетен и побезбеден проток на возила и подобрување на пристапот до регионалниот пат и поврзување со градот Кочани.

За овој потпроект од Проектот за подобрување на општинските услуги, се издвоени околу 56 илјади евра од општинскиот буџет.

Untitled Document
Локалитети