Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Вести
Внимание и осмомартовски подароци за болни и немоќни жени од вработени во Општина Кочани
Вработени во Општина Кочани се откажаа од традиционалната прослава на Меѓународниот ден на жената и парите ги донираа за симболични подароци на стари, болни и немоќни жени од Кочани.

– Решивме овој 8 Март да посетиме дваесетина наши сограѓанки и со скромно внимание да им го честитаме празникот на жената. Тоа се жени на кои им е потребна помош, па сакаме да им покажеме дека не се заборавени и да им порачаме да бидат силни, трпеливи и истрајни во животот – рече Аника Илијевска Георгиева, иницијатор на хуманитарната осмомартовска акција од Општина Кочани.

Една од жените што ја посетија вработените во општинската администрација беше поетесата Љубинка Давидовска. Старицата, некогашната дописничка на магазин за жени во Република Македонија не го криеше задоволството од вниманието и ја истакна позитивната енергија како неопходна за совладување на животните маки.

– Се радувам на посетата и на сите жени им посакувам да бидат силни, храбри и истрајни, дури и тогаш кога животот донесува тешкотии – порача Давидовска.

Административките од Општина Кочани за догодина најавуваат хуманитарната осмомартовска акција да добие поголеми размери.

Untitled Document
Локалитети