Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Вести
Советот донесе одлука за почнување постапка за јавно-приватно партнерство за спа-центар
Советот на Општина Кочани ја одржа 59. седница на која членовите едногласно ја усвоија предлог-одлуката за започнување постапка за доделување договор за воспоставување јавно-приватно партнерство за проектирање, финансирање, изградба, стопанисување и пренос на спа-центар и стопанисување со спортски и други комерцијални објекти.

- Ова е нов почеток во работата на Општината и сметам дека Кочани ќе има бенефит од овој проект, рече Лилјана Арсова, член на Советот.

Костадин Галачев ја истакна потребата од понаучна економска анализа во студијата заради сигурноста во инвестицијата од страна на приватниот сектор.

Советот ја усвои и предлог-одлуката за потребата од прогласување на Дабот благун во селото Бели како природна реткост.

Исто така ги разгледуваше и извештаите за успехот и работењето на општинските основни и средни училишта за првото полугодие од учебната 2016/17 година и информацијата за санитарно-хигиенската и техничката состојба на предучилишните и училишните установи и на Детската градинка „Павлина Велјанова“ во 2016 г. Притоа беше усвоен предлогот постојано да се врши надзор на квалитетот и на безбедноста на храната што се нуди на учениците, односно добавувачите редовно да приложуваат извештаи за тестирање на производите што ги нудат.

Untitled Document
Локалитети