Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Вести
Социјална поддршка со проектот Општинско-корисна работа
Како резултат на соработката на Општина Кочани со УНДП и Министерството за труд и социјална политика, а во партнерство со Агенцијата за вработување, Центарот за социјална работа и Здружението на граѓани „Благорoдна мисија“, во Кочани, втора година се реализира проектот за извршување општинско корисна работа.

Со него 11 невработени лица од евиденцијата на Агенцијата за вработување, се ангажирани за помош на стари и изнемоштени лица, помош на деца од предучилишна возраст кои не одат во градинка, за делење храна во народната кујна, како и за извршување помошни работи во центарот за собирање донации.

- Лицата се ангажирани за период од шест месеци со задача да работат четири часа дневно за надомест од 6 200 денари. Општината има придобивки во повеќе сфери во кои е потребно да се даваат различни услуги за социјалните категории, соопшти на прес-конференција Аника Илијевска Ѓоргиева од Одделението за јавни дејности во Општина Кочани.

Ангажираните лица се задоволни од тоа како досега се реализира проектот, особено што имаат и практична обука во областа во која се стручни. Таков пример е едукативниот центар за деца од предучилишна возараст во селото Тркање.

- Неколку месеци функционираме и тоа повеќе од добро, моментално имаме згрижено над 20 дечиња од 4-6-годишна возраст, кои ја посетуваат наставата и добиваат бесплатно згрижување и воспитување. И дечињата и родителите се задоволни, рече Елена Донева, едукатор во проектот.

Проектот завршува на крајот на ноември.

Untitled Document
Локалитети