Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Соработка
Агенција за поттикнување и развој во земјоделството

АПРЗ преку системот на давање на советодавни услуги на земјоделските стопанства (ЗС), има за цел да овозможи трансфер на знаења и информации, како и нивна примена кај ЗС во насока на подобрување на квалитетот и квантитетот на земјоделското производство со економска оправданост, конкурентност на македонските пазари во ЕУ и пошироко, одржлив развој на земјоделството во руралните подрачја, како и поддршка во развојот и реализацијата на аграрната политика со одржување на база на податоци од ЗС преку теренски посети на ЗС.



Советодавните услуги се дизајнираат и обезбедуваат преку: практична примена на научните и техничките сознанија насочени според потребите на пазарот; јакнење и соработка на земјоделските здруженија; поддршка во спроведувањето на владините програми и мерки наменети за индивидуалниот земјоделски сектор; воспоставување и примена на информативни системи во функција на подобрување на следливоста на земјоделските активности и размена на информации со чинителите во агрокоплексот.



Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој, во организациската структура има шест одделенија, а канцеларијата во Кочани, која се наоѓа во близина Основниот суд – Кочани, припаѓа на Одделението за регионот Штип.

Веб-страница: agencija.gov.mk



Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги имплементира Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку мерките кои ги опфаќаат секторите во земјоделството и руралниот развој во Р. Македонија. Надлежности на Агенцијата се: извршување на мерките за директните плаќања во земјоделството; интервенции на пазарот на земјоделски производи; имплементација на производните квоти; извршување на мерките за рурален развој; реализација на средствата од претпристапната помош на Европската унија за рурален развој; спроведување на мерките на државна помош во земјоделството;

Канцеларијата на АФПЗРР во Кочани се наоѓа во близина на Основниот суд – Кочани.

Веб-страница: www.ipardpa.gov.mk



Македонски шуми, „Осогово“’ – Кочани

Основна дејност на ЈП „Македонски шуми“ е стопанисување со шумите за стопанска намена во државна сопственост. Под стопанисување со шумите се подразбира, одгледување, користење и заштита на шумите. Со шумите треба да се стопанисува, на начин, методи, техники и техологии, кои ќе обезбедат трајно зачувување и проширување на нивната површина, ќе обезбеди најголем прираст согласно природните услови на месторастење, ќе се сочуваат и подобруваат нивните производни и општокорисни функции и ќе се зголеми нивната вредност (одржливо шумарство). Согласно Законот за шумите, чувањето на шумите во државна и приватна сопственост го врши шумска полиција во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Со дејноста заради која е основано, Јавното претпријатие треба да обезбеди: заштита и унапредување на добрата од општ интерес; техничко-технолошко и економско единство; развој и усогласеност на стопанскиот развој на шумарството со вкупниот стопански развој и ефикасност во работењето.

Државно ловиште „Полаки“- Кочани

На 150 км од Скопје, на дел од јужните падини на Осоговските Планини, на вкупна површина од 15.250 ха се наоѓа Државното ловиште „Полаки”. Разнообразноста на релјефните форми и големата висинска разлика (500 - 2.084м надморска височина), застапеноста на најразлични типови на шуми и изобилство на проточна вода во текот на целата година, овозможува зонално распространување и опстанок на повеќе видови крупен дивеч како обичен елен, елен лопатар, срна, муфлон и дива свиња. Во ловиштето има оградена површина од околу 1.000 ха каде интензивно се одгледува и се врши застрел на крупен дивеч. Пристапноста со патишта и опременоста со ловнотехнички објекти овозможуваат брз и безбеден лов во оградениот дел од ловиштето преку цела година. Во ловиштето е сместен Ловниот дом „Пашаџиково“ со корисна површина од 200 м2 и капацитет за 10 лица. Освен Ловниот дом, ловците може да бидат сместени и во објектите на зимско-туристичкиот центар „Пониква“ кој се наоѓа во непосредна близина на ловиштето.

http://www.mkdsumi.com.mk/ , 033/272-146
Untitled Document
Локалитети