Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Симболи на Општината
Официјалните симболи на Кочани (грбот и знамето) беа усвоени на седницата на Советот на општината од 29 јануари 2010 година. Нивен автор е Стојанче Величковски, член на Македонското хералдичко здружение.
Грбот на општина Кочани е златен (жолт) штит, со црвена глава и тенок црвен обраб. На штитот е поставенo стилизирано оризово класје 3-2-1 на водена површина означена со бранови 2-3-2, кои што претставуваат оризово поле.

На главата на грбот е аплицирана посебната симболика за Кочани - геотермален извор и оризово класје.
Знамето е во црвена боја, по целата должина се аплицирани два жолти појаси со широчина од 1/8 од вкупната широчина. Поставеноста на појасите, исто така, е на 1/8 од рабовите на знамето, а црвениот внатрешен простор е 1/2 од широчината на знамето.

Меѓу жолтите појаси е поставена апликацијата од главата на грбот на општината.
Официјалната песна (химна) на Кочани беше усвоена на седницата на Советот на Општината што се одржа на 29. јануари 2010 година. Тоа е композицијата “Кочани, граду мој“ чиј комплетен автор е Тоше Филипов, професор по музика од Кочани. Песната е во изведба на хор при СОУ „Љупчо Сантов“.
КОЧАНИ, ГРАДУ МОЈ
Untitled Document
Локалитети