Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Untitled Document
Локалитети
Дневен ред на 12-тата седница на Советот
Врз основа на член 34 од Деловникот на Советот на општина Кочани („Сл.гласник на општина Кочани“ бр.5/06) ја СВИКУВАМ 12-тата седница на Советот на Општина Кочани за 10.12.2013 година (вторник), со почеток во 09.30 часот во салата на Советот на Општина Кочани, со следниот предлог за
Дневен Ред
1. Информација за извршување на жетвата и откуп на ориз во општина Кочани и осврт за извршувањето на есенската сеидба на подрачјето на општина Кочани.

2. Предлог-програма за јавна чистота на општина Кочани за 2014 година.

3. Предлог-програма за одржување и користење на паркови и зеленило,набавка,поставување и одржување на урбана опрема, одржување на детски игралишта и одржување на фонтана „Зрно“ за 2014 година.

4. Предлог-програма за управување со отпад на подрачјето на општина Кочани за 2014 година.

5. Предлог-програма за управување со отпад од пакување за период од 2013 -2017 година.

6. Предлог-програма за други комунални услуги,третман на кучиња скитници и други нерегистрирани кучиња во 2014 година.

7.Давање согласност на Одлуката за утврдување на цена на водата на кориснички места за јавна потрошувачка, донесена од Управниот одбор на КЈП„Водовод“-Кочани.

8. Предлог-програма за празнување на Новата 2014 година

9. Предлог-програма за култура на општина Кочани за 2014 година

10. Предлог- програма за спорт на општина Кочани за 2014 година

11. Предлог-програма за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на општина Кочани за 2014 година.

12.Предлог- програма за активностите на Општина Кочани од областа на социјална,детска и здравствена заштита за 2014 година.

13. Локален акциски план за еднакви можности 2014-2015.

14. Предлог-програма за комуникација на општина Кочани за 2014 година;

15.Предлог-програма за поддршка на образованието во Општина Кочани за 2014 година.

16. Предлог- програма за работа на Советот на Општина Кочани за 2014 година.

17. Предлог-финансиски планови на општинските основни и средни училишта за 2014 година.

18. Предлог-финансиски план на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“-Кочани за 2014 година.

19. Предлог-финансиски план на ЈОУ Библиотека „Искра“-Кочани за 2014 година

20. Предлог-решение за именување членови на Управниот одбор на Заедничкото јавно претпријатие ПОНИКВА КП-Кочани.

21. Предлог-решение за именување членови на Надзорниот одбор на Заедничкото јавно претпријатие ПОНИКВА КП-Кочани.

22. Предлог – решение за формирање совет за јавно здравје на подрачјето на Општина Кочани.

23. Иницијатива за изработка на Локална урбанистичка планска документација за стопански комплекс со основна класа на намена Г-Г2 лесна и незагадувачка индустрија на КП 840 КО Тркање.

24. Расправа по Нацрт-буџетот на Општина Кочани за 2014 година.