Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Untitled Document
Локалитети
Дневен ред на 36-тата седница на Советот
Врз основа на член 33 став 1, алинеја 1 од Деловникот на Советот на општина Кочани(“Сл.гласник на општина Кочани”бр.5/06 и 2/012) ја СВИКУВАМ 36-та седница на Советот на Општина Кочани за 30.9.2015 година (среда), со почеток 9 и 30 часот во салата на Советот на Општина Кочани со следниот предлог за
Дневен Ред
1. Извештаи за работењето на општинските основи и средни училишта за учебната 2014 -2015 година.

2. Годишни програми за работа на општинските основни и средни училишта за учебната 2015 - 2016 година.

3.Давање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во општинските основни и средни училишта од општина Кочани за учебната 2015-2016 година.

4. Давање мислење на Програмите за организирање и изведување екскурзии и други слободни активности за учебната 2015/2016 година, на ОУ „Никола Карев“ и ОУ„Малина Попиванова“-Кочани.

5. Информација за производството, пласманот и цената на оризовата култура на подрачјето на Општина Кочани, 2015 година.

6. Изменување и дополнување на Буџетот на општина Кочани за 2015 година(ребаланс).

7. Информација за аплицирани и реализирани проекти на Општина Кочани во периодот јануари-септември 2015 година до разни институции.

8. Предлог-Одлука за прифаќање и одлагање на отпад од соседните општини: Виница, Зрновци и Чешиново Облешево.

9. Предлог Одлука за сопствено учество – кофинансирање на Проектот ,,Изработка на Урбанистички планови за села во Источен плански регион за општините Кочани, Карбинци, Македонска Каменица, Зрновци, Чешиново-Облешево и Пехчево”.