Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Untitled Document
Локалитети
Дневен ред на 30-тата седница на Советот
Врз основа на членот 33, став 1, алинеја 1 од Деловникот на Советот на општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр.5/06 и 2/012) ја СВИКУВАМ 30 седница на Советот на Општина Кочани за 13.3.2015 година (петок), со почеток во 9.30 часот во салата на Советот на Општина Кочани со следниот предлог за
Дневен Ред
1. Разгледување на завршните сметки на општинските основни и средни училишта, на Библиотеката „Искра” - Кочани и ЈОУДГ „Павлина Велјанова“- Кочани за 2014 година

2. Извештај за реализација на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација во 2014 година во општина Кочани

3.Извештај за реализација на Програмата за изградба на системи за водоснабдување во 2014 година на подрачјето на општина Кочани

4. Извештај за реализација на Програмата за други комунални услуги, третман на кучиња-скитници и други нерегистрирани кучиња во 2014 година.

5. Извештај за реализација на Програмата за одржување и користење на паркови и зеленило, набавка, поставување и одржување на урбана опрема, одржување на детските игралишта и одржување на фонтаната „Зрно“ во 2014 година

6. Извештај за реализација на Програмата за управување со отпад на подрачјето на општина Кочани за 2014 година

7. Извештај за реализација на Програмата за јавна чистота во општина Кочани за 2014 година

8. Извештај за работењето на КЈП „Водовод” - Кочани во 2014 година

9. Завршна сметка на КЈП „Водовод” - Кочани за 2014 година

10 Годишен извештај на Буџетот на Општина Кочани за 2014 година.

11.Предлог-одлука за субвенционирање на градскиот превоз на подрачјето на општина Кочани

12. Информација за управувањето со браната Гратче во периодот од 18.11.2014 до 12.2.2015 година и за управувањето со браната Калиманци во периодот од 1.12.2014 година до 3.2.2015 година

13. Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште на општина Кочани за 2014 година

14. Извештај за реализација на Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Кочани за 2014 година

15. Извештај за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови на општина Кочани во 2014 година

16. Предлог-одлука за донесување урбанистичко-планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура за КП бр.15877/1 КО Кочани

17. Предлог-одлука за донесување урбанистичко-планска документација за усогласување на намената за КП бр.15877/1, КО Кочани

18. Извештај за реализација на Програмата за изградба и одржување на општинските патишта и улици во општина Кочани за 2014 година

19. Извештај за реализација на Програмата за јавно осветлување во општина Кочани за 2014 година

20. Извештај за реализација на Програмата за комуникација на Општина Кочани за 2014 година

21. Извештај за реализација на Програмата за култура на општина Кочани за 2014 година

22. Извештај за реализација на Програмата за поддршка на образованието во општина Кочани за 2014 година

23. Извештај за реализација на Програмата за спорт на општина Кочани во 2014 година

24. Извештај за реализација на Програмата за празнување на Новата 2014 година

25. Извештај за реализација на Програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2014 година

26. Предлог-одлука за пристапување на „Адаптација на градоначалници“ (Mayors Adapt)

27. Предлог-одлука за пристапување на „Повелбата на градоначалниците“ (The Covenant of Mayors)

28. Предлог-одлука за изменување на Одлуката за користење на јавниот простор за паркирање на подрачјето на градот Кочани

29. Предлог-одлука за продажба на подвижна ствар, сопственост на Општина Кочани