Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Untitled Document
Локалитети
Дневен ред на 28-тата седница на Советот
Врз основа на член 33 став 1, алинеја 1 од Деловникот на Советот на општина Кочани(“Сл.гласник на општина Кочани”бр.5/06 и 2/012) ја СВИКУВАМ 28-та седница на Советот на Општина Кочани за 30.1.2015 година (петок),со почеток во 9.30 часот во салата на Советот на Општина Кочани со следниот предлог за
Дневен Ред
1. Предлог- програма за дополнување на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2015 година

2. Предлог- одлука за утврдување на работното време на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“-Кочани.

3. Предлог-одлука за реализација на проектот„Локален пат -ул„Гоце Делчев“за поврзување на с.Оризари со регионалниот пат и град Кочани-прв дел“.

4. Информација за чистењето на земјена каналска мрежа и речните корита на подрачјето на општина Кочани во 2014 година.

5. Предлог-план за чистење на земјана каналска мрежа на подрачјето на општина Кочани за 2015 година

6. Предлог-планови за запишување на ученици во прва година во општинските средни училишта „Љупчо Сантов“ и „Гошо Викентиев“ во учебната 2015-2016 година

7. Информации за активностите на организациите на лица со хендикеп во општина Кочани за 2014 година со Програма за работа за 2015 година на сите организации на лицата со хендикеп во општина Кочани.

8. Информација за исправноста на водата за пиење на подрачјето на општина Кочани.

9. Информација за пошумувањето и заштита од ерозија на подрачјето на општина Кочани.

10. Информација за состојбата со боровиот четник на подрачјето на општина Кочани.

11. Процена на загрозеност на подрачјето на Општина Кочани од сите ризици и опасности.

12. Предлог-Решение за именување член на Училишен одбор на ОУ„Малина Попиванова“-Кочани.

13. Предлог-одлука за расходување на основни средства на Општина Кочани.

14. Предлог-одлука за дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Кочани за 2015 година.

15. Предлог-одлука за донесување на урбанистичко-планска документација за промена на трасата на сообраќајна инфраструктура за на КП бр.8688 КО Кочани и КП бр.16775/1 КО Кочани; промена на трасата на сообраќајна инфраструктура за на КП бр.10836 КО Кочани; промена на трасата на сообраќајна инфраструктура за на КП бр.6864 КО Оризари; промена на трасата на сообраќајна инфраструктура за на КП бр.6869 КО Оризари; промена на трасата на сообраќајна инфраструктура за на КП бр.6434/2 КО Оризари и КП бр.6434/3 КО Оризари; промена на трасата на инфраструктура за на КП бр.14427 КО Кочани; промена на трасата на сообраќајна инфраструктура за на КП бр.4134 КО Грдовци.

16. Предлог-одлука за донесување на урбанистичко-планска документација за промена на трасата на сообраќајна инфраструктура за КП бр.10787 КО Кочани.

17. Предлог-одлука за донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намена за КП бр.4774 КО Кочани; за усогласување на намена за КП бр.7225 КО Оризари.

18. Предлог-одлука за донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти изградени надвор од плански опфат за КП бр.1386 КО Прибачево.