Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Untitled Document
Локалитети
Дневен ред на 17-тата седница на Советот
Врз основа на член 33 став 1, алинеја 1 од Деловникот на Советот на општина Кочани(“Сл.гласник на општина Кочани”бр.5/06 и 2/012) ја СВИКУВАМ 17-тата седница на Советот на општина Кочани зa 30.04.2014 година (среда),со почеток во 09.30 часот во салата на Советот на Општина Кочани со следниот предлог за
Дневен Ред
1. Информација за работата на НУ Центар за култура „Бели мугри“- Кочани за 2013 година и Програма за работа во 2014 година

2. Информација во врска со одржувањето на Драмски аматерски фестивал на Македонија- Кочани 2014 година.

3. Извештај за работењето на Територијалната противпожарна единица – Кочани во 2013 година

4. Извештај за работењето на Центарот за развој на Источниот плански регион за 2013 година.

5. Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на Источниот плански регион 2009-2014 за 2013 година.

6. Информација за начинот на користење на државното земјоделско земјиште на подрачјето на општина Кочани.

7. Информација за наводнувањето во земјоделието на подрачјето на општина Кочани

8. Информација за заштита на шумите од пожари и бесправна сеча на подрачјето на општина Кочани.

9. Разгледување на завршните сметки на општинските основни и средни училишта,ЈОУДГ„Павлина Вељанова и ЈОУ Библиотека „Искра“-Кочани за 2013година.

10. Извештај за реализација на Програмата за одржување и користење на паркови и зеленило во 2013 година.

11. Извештај за реализација на Програмата за управување со отпад на подрачјето на општина Кочани за 2013 година.

12. Извештај за реализација на Програмата за јавна чистота во општина Кочани за 2013 година

13. Извештај за реализација на Програмата за други комунални услуги, третман на кучиња скитници и други нерегистрирани кучиња во 2013 година

14. Извештај за работењето на КЈП „Водовод“ - Кочани во 2013 година

15. Завршна сметка на КЈП „Водовод“ - Кочани за 2013 година

16. Извештај за работењето на КЈП „Водовод“ - Кочани за период од 01.01.до 31.03.2014 година, со финансиски показатели.

17. Проекција за користење на водата за пиење во сезоната пролет-лето 2014 година, од системот за водоснабдување.

18. Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште на општина Кочани за 2013 година.

19. Предлог- Одлука за донесување на урбанистичко-планска документација за промена на трасата на сообраќајна инфраструктура за КП бр.10174/16 КО Кочани; за промена на трасата на сообраќајна инфраструктура за КП бр.13859 КО Кочани; за промена на трасата на сообраќајна инфраструктура за КП бр.6651 КО Оризари и КП бр.7365/2 КО Оризари; за промена на трасата на сообраќајна инфраструктура за КП бр.15003/3 КО Кочани и КП бр.16832 КО Кочани; за промена на трасата на сообраќајна инфраструктура за КП бр.12509/1 КО Кочани, КП бр.12509/2 и КП бр.16786 КО Кочани; за промена на трасата на сообраќајна инфраструктура за КП бр.16010 КО Кочани; за промена на трасата на сообраќајна инфраструктура за КП бр.10142/1 КО Кочани; за промена на трасата на сообраќајна инфраструктура за КП бр.9255 КО Кочани; за промена на трасата на сообраќајна инфраструктура за КП бр.9802 КО Кочани, КП бр.9801 КО Кочани и КП бр.16797 КО Кочани; за промена на трасата на сообраќајна инфраструктура за КП бр.12351 КО Кочани и КП бр.12346 КО Кочани; за промена на трасата на сообраќајна инфраструктура за КП бр.12755 КО Кочани; за промена на трасата на сообраќајна инфраструктура за КП бр.11503/2 КО Кочани и за КП бр.16820 КО Кочани; за промена на трасата на сообраќајна инфраструктура за КП бр.9985/1 КО Кочани ; за промена на трасата на сообраќајна инфраструктура за КП бр.9233 КО Кочани и КП бр. 4767/1 КО Кочани; за промена на трасата на сообраќајна инфраструктура за КП бр.9433/1 КО Кочани; за промена на трасата на сообраќајна инфраструктура за КП бр.4738/1 КО Кочани; за промена на трасата на сообраќајна инфраструктура за КП бр.5836 КО Тркање; за промена на трасата на сообраќајна инфраструктура за КП бр.4093 КО Грдовци; за промена на трасата на сообраќајна инфраструктура за КП бр.16073/4 КО Кочани и КП бр.16891/1 КО Кочани.

20. Предлог- Одлука за донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намена за КП бр.15067/2 КО Кочани.

21. Предлог- Одлука за донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти изградени надвор од плански опфат за КП бр.3635 КО Бели; за КП бр.3588 КО Бели; за КП бр.1067 КО Тркање; КП бр.1013/2 КО Тркање и КП бр.1013/4 КО Тркање; за КП бр.3336 КО Бели; за КП бр.1013/4 КО Тркање.

22. Извештај за реализација на Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Кочани за 2013 година.

23. Извештај за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови на општина Кочани во 2013 година.

24. Предлог-Заклучок за утврдување Детален Урбанистички план за дел од урбана единица 8 , дел од блок 3 ,Општина Кочани Нацрт план 2013-2018 година.

25.Предлог- Заклучок за утрврдување на Изменување и дополнување на детален урбанистички план магацинска група „ШАТРОВИЌ“-Гарнизон Кочани Општина Кочани Нацрт план 2014-2019 година.

26. Предлог- Заклучок за утрврдување на Изменување и дополнување на блок 5 од ДУП за град Кочани, дел од УЕ 10,зона лесна индустрија и мало стопанство Општина Кочани Нацрт план 2014-2019 година.

27. Извештај за реализација на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација во општина Кочани во 2013 година.

28.Извештај за реализација на Програмата за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на општина Кочани во 2013 година.

29. Извештај за реализација на Програмата за изградба и одржување на општинските патишта и улици во општина Кочани за 2013 година

30. Извештај за реализација на Програмата за јавно осветлување во општина Кочани за 2013 година

31. Извештај за реализација на Програмата за комуникација на Општина Кочани за 2013 година.

32. Информација за состојбата со дивите депонии во градот и населените места со предлог мерки за разрешување на истите.

33. Извештај за работењето на комуналните редари во Општинската администрација на општина Кочани за 2013 година.

34. Извештаи за работењето на овластените инспектори на Општина Кочани во 2013година(градежен,урбанистички, сообраќаен,комунален и заштита на животната средина).

35. Извештај за реализација на Програмата за култура на општина Кочани за 2013 година.

36. Извештај за реализација на Програмата за спорт на општина Кочани во 2013 година.

37. Извештај за реализација на Програмата за празнување Нова 2013 година.

38. Извештај за реализација на Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2013 година.

39. Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Кочани од областа на социјалната,детската и здравствената заштита во 2013 година.

40. Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кочани за период I квартал 2014 година

41. Предлог- Одлука за субвенционирање на градски превоз на подрачјето на Општина Кочани.

42. Предлог-Одлука за именување на Градскиот фудбалски стадион во Кочани.

43. Предлог- Одлука за одобрување на финансиски средства на Друштвото за погребални услуги ПОГРЕБАЛНО ДООЕЛ Кочани во ликвидација за покривање на трошците во врска со ликвидацијата на друштвото и за награда на ликвидаторот на друштвото.

44. Давање согласност на Статутот на ЈОУДГ„Павлина Вељанова“-Кочани.

45. Предлог- Решение за именување членови на Управниот одбор на ЈОУДГ„Павлина Вељанова“-Кочани.

46. Предлог- Решение за именување членови на Училишниот одбор на СОУ„Љупчо Сантов“-Кочани.

47. Предлог- Одлука за формирање Координативно тело за социјална заштита на Општина Кочани.

48. Локален Акциски план за вклучување на неформалните собирачи на отпад на Општина Кочани.