Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Јавна презентација и јавна анкета, Урбанистички план за с.Тркање
Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/14 , 44/2015, 193/2015 , 31/2016, 163/16), и член 3 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти како и планови и програми од областа на животната средина ( Сл/ Весник на РМ бр. 147/08 ) , Градоначалникот на Општина Кочани го издава следното
Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека Градоначалникот на Општина Кочани донесе Одлука за организирање јавна презентација и јавна анкета по Урбанистички план за село Тркање, КО Тркање Општина Кочани , плански период 2017-2027 предлог план со Технички број 19/2017 , изработен од ИН-ПУМА Институт за урбанизам, екологија и сообраќај ДОО Скопје, со површина 80,7 ха .



Урбанистички план за село Тркање КО Тркање Oпштина Кочани, плански период од 2017-2027г. го опфаќа селото Тркање на подрачјето КО Тркање Општина Кочани.



Границите на планскиот опфат се следните:

Северна граница од запад - исток, по северна граница ја сече КП 3494/1, КП 664, КП 663, се граничи со КП 662/1, ја сече КП 6707/1, се граничи со КП 626, КП 613, КП 617, КП 5967/1, ја сече КП 99 и КП 5965, се граничи со КП 5964, КП 5959, КП 5958, КП 5960/2, КП 5954, КП 5940, ја сече КП 5941, се граничи со КП 5952, ја сече КП 5951/1, се граничи со КП 5951/2, КП 179, ја сече КП 3491/1, се граничи со КП 5753/1, КП 5754, ја сече КП 5758 и КП 6706 (Тркањска река), се граничи со КП 5760, КП 5763, КП 5764, КП 5765, КП 5770/1, КП 5840, КП 5849, КП 5852/1, КП 5848, КП

5857 и КП 5859, сите во КО Тркање, Општина Кочани

Источна граница од север - југ, по источна граница на КП 381, КП 383/2, КП 385, ја сече КП 387,се граничи со КП 484, КП 483, КП 480, КП 479, КП 477, КП 473, КП 472, КП 471, КП 470, ја сече КП 6720 (улица Борис Димитров), се граничи со КП 6142, КП 6144/1, КП 6145/1, КП 6146/2, КП 6147/1, КП 792, КП 1360, КП 6223, КП 6222, КП 6227, КП 6228, КП 6229, КП 6233, КП 6232, КП6234, ја сече КП 6708 (канал), се граничи со КП 6387, КП 6389, КП 6390, КП 6401, КП 6416, јасече КП 6414, КП 6413 и КП 6412, се граничи со КП 6411, КП 6410, КП 606, КП 1129, КП 1130 и КП 1132, сите во КО Тркање, Општина Кочани

Јужна граница од исток - запад, по јужна граница ја сече КП 6727/1 (улица Мите Стојчев), се граничи со КП 6656, КП 6657, КП 6658, КП 6664, КП 6663, КП 6650, КП 6644/3, КП 6643/2, КП6645, КП 6632, КП 6633, КП 6629, КП 6620, КП 6621, КП 6622, КП 6623, КП 6671/2, ја сече КП 6728/1 (улица Гоце Делчев), се граничи со КП 6674, ja сече (Тркањска река), се граничи со КП 6594/3, КП 6595, КП 6597, КП 6598/1, КП 6598/2, КП 6600, КП 6583, КП 6582, КП 6581, КП 6580, КП 6578, КП 6563, ja сече КП 6715/1 (улица Едвард Кардељ), се граничи со КП 6558, ја сече КП1655/2, се граничи со КП 1655/1 и КП 1657, сите во КО Тркање, Општина Кочани

Западна граница од југ - север, по западна граница на КП 3502, ја сече КП 6724 и КП 6714, се граничи со КП 6549, КП 6550, КП 6551, КП 6552, КП 6553, КП 6554, КП 6555, КП 6548, КП 6546,КП 6545, КП 6544, КП 6543, КП 6542, КП 6541, КП 6717, КП 6534, КП 6533, КП 6532, КП 6531, КП 6525, КП 6524, КП 6523, КП 6522, КП 6516, КП 6514, КП 6712, КП 6513, КП 6512, ја сече КП 6499/2,КП 6714 и КП 6724, се граничи со КП 6006, КП 5999, ја сече КП 6723 (улица Димитар Митев), сеграничи со КП 661/1, КП 3494/2 и КП 661/2, ја сече КП 3494/1, се граничи со КП 655, КП 654 и КП

649, сите во КО Тркање, Општина Кочани

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА по

Урбанистички план за село Тркање КО Тркање Општина Кочани , плански период 2017-2027 предлог план ќе се одржи на ден 28.12.2017г. со почеток во 12 часот во училиштето во село Тркање.





ЈАВНА АНКЕТА по

Урбанистички план за село Тркање КО Тркање Општина Kочани плански период 2017-2027 предлог план ќе трае 10 работни дена , а ќе се спроведе во периодот од 28.12.2017 год. до 12.1.2018год. во кој рок заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки и предлози на анкетни листови , во писмена форма, кои можат да ги подигнат во архивата во општинската зграда, од веб страната на Општина Кочани, или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам. Во прилог на анкетните листови да се достави копие од катастарски план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.

Графичкиот прилог од урбанистички план ке биде изложен на огласна табла пред влезот на зградата на Општина Кочани , на веб страната на општината www.kocani.gov.mk. , и на прометно место во село Тркање , а подетални информации во врска со урбанистичкиот план ќе можат да се добијат во одделението за урбанизам и заштита на животна средина кое се наоѓа на 1кат во општинската зграда.



ЈАВНА РАСПРАВА по

Нацрт извештајот за стратегиска оцена на животната средина за Урбанистички план за село Тркање КО Тркање Општина Кочани, ќе се одржи истовремено со јавната презентација , на ден 28.12.2017г. со почеток во 12 часот во училиштето во село Тркање.

Извештајот за стратегиска оцена на животната средина за Урбанистички план за село Тркање КО Тркање Општина Кочани, е ставен на јавен увид на заинтересираната јавност на веб страната на Општина Кочани, www. kocani.gov.mk, во периог од 30 дена, до 26.1.2018г., а може да се разгледа и во просториите на Општина Кочани во одделението за урбанизам и заштита на животна средина, секој работен ден од 10 до 15 часот.

Општина Кочани ја информира заинтересираната јавност дека во наведениот период на објавувањето на споменатите документи , може да доставува мислења по истите , по електронски пат на меил адреса info@kocani.gov.mk, по пошта или преку архивата на општина Кочани
Untitled Document
Локалитети