Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Jавна презентација и јавна анкета
Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/14 , 44/2015, 193/2015 , 31/2016, 163/16), и член 3 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти како и планови и програми од областа на животната средина ( Сл/ Весник на РМ бр. 147/08 ) , Градоначалникот на Општина Кочани го издава следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека Градоначалникот на Општина Кочани донесе Одлука за организирање јавна презентација и јавна анкета по Урбанистички план за село Долни Подлог КО Долни Подлог Општина Кочани , плански период 2017-2027 предлог план со Технички број 18/2017 , изработен од ИН-ПУМА Институт за урбанизам, екологија и сообраќај ДОО Скопје, со површина 35,93 ха . Урбанистички план за село Долни Подлог КО Долни Подлог Oпштина Кочани, плански период од 2017-2027г. го опфаќа селото Долни Подлог на подрачјето КО Долни Подлог Општина Кочани. Границите на планскиот опфат се следните: Северна граница од запад - исток, по северна граница на КП 1518, КП 1519, КП 1529, КП1530, КП 1531, КП 1527/2, КП 1534/2, КП 1847, КП 1636, КП 1637, КП 1479; Источна граница од север - југ, по источна граница на КП 1656, КП 1657, КП 669/1, КП1667, КП 1666, КП 1693, КП 1694, КП 1702, КП 1700, КП 1699, КП 1763, КП 1766, КП 1844,КП 1768; Јужна граница од исток-запад, по јужна граница на КП 1843, КП 1855, КП 1770, КП 1774, КП1782, КП 1788, КП 1822, КП 1825, КП 1826; Западна граница од југ - север, по западна граница на КП 1826, КП 1809, КП 1811, КП 1846,продолжува по северна граница на КП 1561, КП 1562, КП 1568, и западна граница на КП1556, КП 1577, КП 1521, КП 1518.
плански период 2017-2027 предлог план ќе се одржи на ден 12.12.2017г. со почеток во 12 часот во просториите на бифе Центар во село Долни Подлог.

ЈАВНА АНКЕТА по

Урбанистички план за село Долни Подлог КО Долни Подлог Општина Kочани плански период 2017-2027 предлог план ќе трае 12 работни дена , а ќе се спроведе во периодот од 6.12.2017 год. до 22.12.2017год. во кој рок заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки и предлози на анкетни листови , во писмена форма, кои можат да ги подигнат во архивата во општинската зграда, од веб страната на Општина Кочани, или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам. Во прилог на анкетните листови да се достави копие од катастарски план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.

Графичкиот прилог од урбанистички план ке биде изложен на огласна табла пред влезот на зградата на Општина Кочани , на веб страната на општината www.kocani.gov.mk. , и на прометно место во село Долни Подлог , а подетални информации во врска со урбанистичкиот план ќе можат да се добијат во одделението за урбанизам и заштита на животна средина кое се наоѓа на 1кат во општинската зграда.

ЈАВНА РАСПРАВА по

Нацрт извештајот за стратегиска оцена на животната средина за Урбанистички план за село Долни Подлог КО Долни Подлог Општина Кочани, ќе се одржи истовремено со јавната презентација , на ден 12.12.2017г. со почеток во 12 часот во просториите на бифе Центар во село Долни Подлог.

Извештајот за стратегиска оцена на животната средина за Урбанистички план за село Долни Подлог КО Долни Подлог Општина Кочани, е ставен на јавен увид на заинтересираната јавност на веб страната на Општина Кочани, Кочани www. kocani.gov.mk, во периог од 30 дена, до 22.12.2017г., а може да се разгледа и во просториите на Општина Кочани во одделението за урбанизам и заштита на животна средина, секој работен ден од 10 до 15 часот.

Општина Кочани ја информира заинтересираната јавност дека во наведениот период на објавувањето на споменатите документи , може да доставува мислења по истите , по електронски пат на меил адреса info@kocani.gov.mk, по пошта или преку архивата на општина Кочани
Untitled Document
Локалитети