Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Повик за јавна трибина
За да ги вклучи мислењата и потребите на граѓаните при креирањето на Буџетот, Одделението за јавни дејности во Општина Кочани ги повикува сите спортски клубови и здруженија на јавна трибина што ќе се одржи на 14 ноември 2017 година во Салата на Советот на Општина Кочани со почеток во 18:30 ч.
Дневен ред:

1. Предлог за утврдување критериуми за распределба на средствата од Програмата за спорт на Општина Кочани за 2018 година

2. Запознавање со приоритетите и дискусија за финансирање во спортот за 2018 година

3. Тековни прашања.

Јавната расправа е од отворен тип и на неа може да присуствува секој граѓанин на Кочани што сака да земе непосредно учество во одлучувањето за работи од јавен интерес од локално значење и во надлежност на општината.
Untitled Document
Локалитети