Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
И З В Е С Т У В А Њ Е
П О В И К

Врз основа на законските одредби,

а заради транспарентност во работењето на единицата на локалната самоуправа,

Општина Кочани ги повикува граѓаните, урбаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и институциите, со идеи, програми и проекти да се вклучат во креирањето на

Буџетот на Општина Кочани за 2018 година.

Програмите и проектите во електронска форма можат да се достават преку веб-страницата на Општина Кочани, а во пишана форма до Едношалтерската канцеларија,

најдоцна до 25 октомври 2017 година.

Вклучете се во креирањето на буџетот и поддржете го партиципативниот развој на локалната заедница!





За да ги вклучи мислењата и потребите на граѓаните при креирањето на Буџетот, Општина Кочани изготви Анкетен лист на кој жителите на Општина Кочани можат да ги напишат своите мислења, потреби, предлози и идеи од јавен интерес и од различни сфери на надлежност на локалната самоуправа.

Прашалникот во електронска форма е објавен на веб-страницата на Општина Кочани, а во печатена форма може да се пополни во Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани и во сите канцеларии на урбаните и месните заедници во Кочани.

Општина Кочани ви благодари за соработката!
Untitled Document
Локалитети