Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
И З В Е С Т У В А Њ Е
До Организаторите на изборна кампања, кои имаат потврдена листа на кандидати од Општинската изборна комисија- Кочани, за избор на градоначалник на општина Кочани и членови на Советот на Општина Кочани
И З В Е С Т У В А Њ Е
Почитувани,

Ве известуваме дека, согласно Одлуката на Советот на Општина Кочани за утврдување на места за истакнување на изборни плакати и утврдување на услови за добивање на право за користење на местата за истакнување на изборни плакати на подрачјето на Општина Кочани („Сл.гласник на Општина Кочани“бр.6/06), на ден 22.09.2017 година, со почеток во 16.00 часот во салата за состаноци во Општина Кочани, Општинската администрација ќе изврши ждребување за определување на редоследот за истакнување на изборни плакати без надоместок, на организаторите на изборна кампања кои учествуваат на локалните избори- 2017 година, на места определени со Одлуката на Советот на Општина Кочани.

Организаторите на изборна кампања за да можат да учествуваат на ждребувањето, покрај потврдени листи, потребно е до Градоначалникот на Општина Кочани да поднесат барање за користење на местата за истакнување на изборни плакати, најдоцна до 22.09.2017 година, до 12.00 часот.
Untitled Document
Локалитети