Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Проект за Подобрување на Општински Услугите - МСИП
Република Македонија, Проект за Подобрување на Општински Услугите - МСИП, Договор за заем бр.8158 - MK MSIP-NCB-065-17
1. Овој Повик за Понуди ја следи Општата објава за набавки за овој Проект објавена во изданието на UN Developмent Business, со бр. 767, од 31 Јануари, 2010 година (печатено издание) и објавена електронски на 06 Јануари, 2010 година.

2. Република Македонија доби кредит од Меѓународната Банка за Обнова и Развој (IBRD), за спроведување на Проектот за подобрување на општински услугите (МСИП) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за Изградба на две улици во Општина Кочани.

3. Општина Кочани ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за изградба на две улици во Општина Кочани.

Периодот за спроведување/извршување на градежните работи е 2 (два) месеци.

4. Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е одредено во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, (од мај 2004 и ревидирано во октомври 2006, мај 2010 и јануари 2011), и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.

5. Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации на адресата наведена подолу од 08:30 до 16:30:

Општина Кочани

Лице за контакт: Силвана Благонова

Адреса: „Раде Кратовче“ бр.1

Спрат-Број на соба: 1-ви кат, соба бр.12

Поштенски број: 2300 Кочани;

Држава: Република Македонија

Тендерската документација може да се разгледа на дадената адреса од 08:30 до 16:30.

6. Заинтересираните понудувачи може да купат комплетна тендерска документација на македонски јазик по поднесување на писмена апликација на адресата дадена подолу и по плаќањето на неповратна такса од 2,000.00 МКД. Методот на плаќање ќе се врши преку ПП50 образец, на следнава сметка:

a) За плаќање во денари:

Банка: Народна банка на Република Македонија

Број на сметка: 100000000063095

Буџетска корисничка сметка: 736014044463010

Приходно конто: 725 939

Тендерската документација ќе биде доставена по е-пошта или може да се подигне директно од Општина Кочани.

7. Понудите мора да се достават на адреса дадена подолу до 12:00 часот на 18.10.2017 година во присуство на претставници на понудувачите кои ќе изберат да присуствуваат лично на адресата дадена подолу во 12:00 часот на 18.10.2017 година.

8. Сите понуди мора да бидат придружени со Банкарска гаранција од 300.000,00 МКД.



9. Гореспоменатата адреса е:

Општина Кочани

Адреса: ул „Раде Кратовче“ бр.1

Град, Поштенски број: 2300 Кочани

Држава:Република Македонија



Општина Кочани

Евалуациона комисија
Untitled Document
Локалитети