Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Јавен оглас до евидентирани невработени лица
Врз Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за врабоитување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Кочани, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017, Програмата Општинско – корисна работа, општина Кочани и Агенцијата за вработување на Република Македонија на ден 14.09.2017 година објавуваат:
Јавен оглас до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско - корисна работа
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Со добра волја кон подобро утре“ за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Кочани.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 ([шест) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 6.200,00 денари, што вклучува персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

- Млади лица до 29 години со ниски квалификации;

- Самохрани родители

- Роми;

- Невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 1 година;

- Млади невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 6 месеци;

- Родители на деца со пречки во развојот;

- Родители на 3 и повеќе деца;

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

- 2 (две) лице за работа во Центарот за спроведување на акцијата “На заборавеното да му дадеме душа“- со завршено минимум средно образование, со искуство за работа во невладин сектор;

- 4 (четири) лица за давање на услуги на стари и изнемоштени лица ,од кои 2(две)лица во рурални средини населени места(Грдовции Оризари) и 2 (две) лица во градоти Кочани,1(едно)за корисници Ромии 1 за корисници Македонци, со завршено минимум основно образование, по можност да има и лица од рурални средини;

- 2 (две) кои ќе бидат ангажирани за лични асистенти на лица со хендикеп.Времето на спроведување на активноста ќе биде со договор со давателот на услугата , со завршено минимум основно образование.

- 2 (две) кои ќе бидат ангажирани за давање на воспитно-едукативни услуги на деца од предучилишна возраст во рурална средина(с.Тркање) на возраст од 4-6 години. со завршено минимум средно образовани, предност од с.Тркање.

- 4 (четири) лица едукатори-негователи во ЈОУДГ Павлина Велјанова кои ќе бидат ангажирани за давање на воспитно-едукативни услуги на деца од градинката. со завршено минимум средно образование.

- 1 (едно) лице за извршување работи посредник/ делење на храна- со завршено основно или средно образование;

Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да подигнат и поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Кочани во периодот од 14.09.2017 година до 20.09.2017 година.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Кочани и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Кочани кај лицето Аника И.Ѓорѓиева, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување кај лицето Кристина Димитрова, Центар за социјлна работа Кочани кај лицето Марија Гицова.
Untitled Document
Локалитети