Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
Од 9 до 16 август – рестрикции во водоснабдувањето
Поради екстремно високите температури и нарушените хидролошки состојби во регионот, енормно зголемената потрошувачка особено во вечерните часови и нерационалното користење на водата, КЈП „Водовод“ воведе осумдневна наизменична рестрикција во сите зони во населените места и во градот.
КЈП „Водовод“: Од 9 до 16 август – рестрикции во водоснабдувањето
Рестрикциите се воведуваат со цел водата да стигне до сите потрошувачи бидејќи превентивните мерки со контроли и санкции против несовесните потрошувачи не ги дадоа очекуваните ефекти.

Рестрикциите се применуваат од 9 до 16 август, а прекините во испораката на вода ќе бидат во периодот од 14 до 20 часот, по следните зони и денови:

– на 9 и 13 август – селата: Прибачево, Грдовци, Мојанци, Г. Подлог, Д. Подлог, Тркање и Бања;

– на 10 и 14 август – ниската зона во градот;

– на 11 и 15 август – средната зона во градот;

– на 12 и 16 август: високата зона во градот.

Преглед на улици по зони

Висока зона

3 Македонска бригада; 13 Македонска бригада; 50 Македонска дивизија; Февруарски поход; Ѓорче Петров; Пиринска; Бел камен (повисок дел); 1 Мај (повисок дел); Охридска; Скопска (повисок дел); Раде Кончар (повисок дел); Марко Цепенков; Велин Стоилов; Малина Поп Иванова; Васил Главинов; Страшо Ербапче; Димитар Лазаров (повисок дел); Кирил и Методиј (повисок дел); Душан Петревски; 14 Бригада (повисок дел); Питу Гули (повисок дел); Коста Рацин; Стамен Манов (повисок дел); Дуди Ханум; 202; 201; Крум Врнински; Ване Грдовјански; Мишо Арсов; Никола Панпуров; Кресненско востание; 15 Македонски корпус; Разловечко востание; Вера Циривири; Карпошово востание; Ѓорги Пулевски; Искра; Руен; Македонска; Мирче Ацев; Киро Кикенски (повисок дел); Христијан Карпош (повисок дел)

Средна зона

Христијан Карпош (понизок дел); Јане Сандански; Осоговска; Цар Самоил; Гоце Делчев; Борис Трајковски; Раде Кратовче; Илинденска; Д-р Николиќ; ВМРО (повисок дел); Кеј на револуција (повисок дел); Љупчо Сантов; Славчо Стојменов; Браќа Ставреви; Вита Поп Јорданова; Рајко Жинзифов (повисок дел); Цветан Димов; Вељко Влаховиќ; Димитар Влахов (повисок дел); Коле Неделковски; Пере Тошев; Стево Теодосиевски; Иво Лола Рибар; Мородвиска епископија; Григор Прличев; Павлина Велјанова; Орце Николов; Сремска; Роза Петрова; Ристо Симеонов

Ниска зона

Лазар Андонов; Брегалничка; 4 Македонска бригада; Григор Апостолов-Гочо; Вера Которка; Мирка Гинова; Никола Карев; 4 Јули; 9 Мај; Крсте Мисирков; Рајко Жинзифов (понизок дел); Иван Иванов-Балашо; Плачковица; Теодосија Паунов; Гошо Викентиев; Вера Циривири; Никола Вапцаров; Солунска; Енгелсова; Кеј на револуција (понизок дел); ВМРО (понизок дел); Димитар Влахов (понизок дел)

8.8.2017 година

КЈП „Водовод“ – Кочани
Untitled Document
Локалитети