Untitled Document
kocani.gov.mk
wikipedia
Untitled Document
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА
Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/14 , 44/2015, 193/2015 , 31/2016, 163/16), Градоначалникот на Општина Кочани го издава следното
Се известуваат граѓаните на Општина Кочани дека Градоначалникот на Општина Кочани донесе Одлука за организирање јавна презентација и јавна анкета по Урбанистички план за село Мојанци , Општина Кочани плански период 2016-2026 предлог план со Технички број 22/2017, од мај 2017, изработен од ИН-ПУМА Институт за урбанизам, сообраќај и екологија ДОО Скопје. Површината на планскиот опфат изнесува 26,56 ха,

Местоположбата на планскиот опфат е село Мојанци. Границата на планскиот опфат е следната: На север границата на планскиот опфат почнувајќи од точката 1, коинцидира со северната граница на КП 949, КП 948, КП 951, КП 950, КП 952, КП 953, КП 954, КП 956, КП 955, КП 957, КП 958, КП 959, КП 960, КП 961, КП 962, КП 963, КП 964, КП 965, КП 966, КП 967, КП 969, КП 968, КП 970, КП 972/1.

На исток границата на планскиот опфат почнувајќи од точката 47, коинцидира со дел од источна граница на КП 1208, поминува низ КП 1132, коинцидира со дел од северна граница на КП 1129, коинцидира со северната граница на КП 1127, КП 1126, КП 1133, КП1134, поминува низ КП 75, коинцидира со дел од северна граница на КП 305, коинцидира со дел од западна граница на КП 1206, поминува низ КП 1147/1, понатаму коинцидира со јужна граница на КП 1147/4, КП 1147/3, КП 1147/2, продолжува да се движи кон запад и повторно поминува низ КП 1147/1, потоа се движи кон југ и коинцидира со источна и јужна граница на КП 1145, продолжува да се движи кон запад и коинцидира со јужна граница на КП 1146, КП 1171, КП 1172, КП 1173, КП 1174, КП 1175, КП 1174, КП 1175, КП 1175, поминува низ КП 1176 и КП 1177, коинцидира со источна границана КП 1179 и дел од јужна граница КП 1179, поминува низ дел од КП 1158, коинцидира со дел од јужна граница на КП 1206 и коинцидира со источна граница на КП 1151/1.

На југ границата на планскиот опфат почнувајќи од точката 111, коинцидира со јужна граница на КП 1151/1, источна граница на КП 1203, поминува низ 1206, коинцидира со јужна граница на КП1200/2, коинцидира со дел од јужна граница на КП 1199.

На запад границата на планскиот опфат почнувајќи од точката 270, поминува низ КП 1197, коинцидира со дел од северната граница на КП 1197, коинцидира со дел од западната граница на КП 1192, јужната граница на КП 1190, КП 1188, коинцидира со дел од источната граница на КП 1184, коинцидира со западната граница на КП 1184, со јужна граница на КП 1183, со дел од западна граница на КП 1183, коинцидира на дел од истчна граница на КП 769/3, а потоа поминува низ истата, се до точката 316, каде почнува да коинцидира со дел од источна граница на КП 1205, скршнува и коинцидира со дел од јужната граница на КП 1056 и коинцидира со западна и северна граница на КП 1053, коинцидира со западна граница на кп 1047 и се движи низ КП 749, кон исток коинцидира со дел од јужната граница на КП 749.



ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА по

Предлог Урбанистички план за село Мојанци , Општина Кочани плански период 2016-2026 предлог план, ќе се одржи на ден 22.06.2017г. со почеток во 1100 часот во месната заедница- ресторанот во с. Мојанци.





ЈАВНА АНКЕТА по

Урбанистички план за село Мојанци , Општина Кочани плански период 2016-2026 предлог план ќе трае 19 работни дена , а ќе се спроведе во периодот од 19.06.2017 год. до 13.07.2017 год. , во кој рок заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки и предлози на анкетни листови , во писмена форма, кои можат да ги подигнат во архивата во општинската зграда, од веб страната на Општина Кочани и месната заедница во с. Мојанци, или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам. Во прилог на анкетните листови да се достави копие од катастарски план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.

Графичкиот прилог на Графичкиот прилог од деталниот урбанистички план ке биде изложен на огласна табла пред влезот на зградата на Општина Кочани , на веб страната на општината www.kocani.gov.mk. и во м.з. Мојанци. а подетални информации во врска со урбанистички план ќе можат да се добијат во одделението за урбанизам и заштита на животна средина кое се наоѓа на 1кат во општинската зграда.
Untitled Document
Локалитети